Радио Милева за кого како

Љупка Митрова ја пронајде вистинската плажа каде ќе прави свадба: „Убавината не е секогаш во парите“ (фото)

Љупка Митрова ја пронајде вистинската плажа каде ќе прави свадба: „Убавината не е секогаш во парите“ (фото)

На познатата струмичанка Љупка Митрова на почетокот од месец април и се случи запросување додека беше  на романтично патување во Рим каде саканиот по година ипол романса реши да ја побара за жена.

Таа кажа „Да“, а со тоа тргнаа чекор понатаму до официјализирање на врската.

А за официјализација и во подготовки под полна пареа тргнаа веднаш. Решени што побрзо да ги стават бурмите на раце и веќе да бидат сопружници.

Kако што Љупка веќе им откри на своите следбеници на Инстаграм, датумот на венчавката и свадбата веќе е закажан за 25. Мај.

Останаа уште 20 дена до големиот чин, а бидејќи кога е Љупка во прашање, секогаш и се’ се врзува со луксузот и она што го прават само оние на кои им се може, помпа се очекува особено за венчавката.

Она што  таа откри е и дека решиле чинот и забавата да се случат покрај море, па остана да размислува за тоа како се’ да изгледа филмски, а плажата е веќе најдена – онаа вистинската за која невестата вели дека „Универзумот не секогаш е околу буџетот“.

Сепак, убавините се гратис од природата, ама се’  она останато сигурно нема да биде. Замислата голема, а реализацијата дупло повеќе.

Така што она со буџетот и универзумот „држи“ во целост само ако е на сон- секако!

фото:Instagram printscereen/ljupka_mitrova

To top