Луна Ѓогани одговори на коментарите на Јелена Радановиќ, сопругата на Слоба Радановиќ, која имаше само убави зборови за Ѓогани.

Слоба ја изневери сопругата Кија во „Задруга“ со Луна, а по јавното изневерување следеше развод. Слоба денес е во брак со Јелена Радановиќ, која неодамна изјави дека повеќе ја сака Луна Ѓогани од Кија Коцкар.

Луна сега откри дали го сретнала Слобо Радановиќ по напуштањето на реалното шоу и јавно ѝ се заблагодари на неговата сопруга за нејзините убави зборови.
– Дали се поздравуваш со Слобо некогаш кога ќе го сретнеш? – беше прашањето.
– Никогаш никаде не сум го сретнала. Само еднаш после „Задруга 2“ бевме во кино, мислам дека тој беше со Јелена тогаш, почетокот на врската, а јас бев со Марко, само ги видовме, дури и јавно коментиравме некаде, и тоа е сè. Никогаш не сум го сретнала – одговори Луна.

– Јелена имаше пофални зборови за тебе, дека си добра девојка…
– Да, го видов тоа, ние не се познаваме лично… И благодарам, и благодарам многу. Токму го гледав тој дел, некој ми го прати. Гледам дека е искрена, зборуваше многу убаво, и благодарам. Многу ми значи кога која било жена ме фали. Така да и благодарам“, изјавила Луна за Адрија ТВ.
Foto: Print Screen/Instagram




