Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ уживаат во љубовта, а слободното време често го поминуваат дома со своите миленици.
Со оглед на тоа што Немања игра за шпански фудбалски клуб, неговата сопруга Анастасија Ражнатовиќ Гудељ се пресели во Севиља.
Таа во неколку наврати нагласи дека многу и недостасуваат семејството и пријателите, но затоа друштво и прават бројни мачки чии фотографии редовно ги објавува на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Овој пат го фати Немања како се гушка и бакнува со една од нив, а потоа ја снимила другата мачка како љубоморно го гледа Гудељ, го фиксира со погледот и скока на креветот за да привлече внимание кон себе.
– За жал, колку е љубоморна – заклучила Анастасија, а како изгледаше сето ова погледнете во видеото во продолжение.
фото:Instagram printscreen/ raznatovicanastasija