Радио Милева трансформација

Лицето на Адријана Лима пука од ботокс: Некогаш најубавата, стана пластична кукла (фото) 

Лицето на Адријана Лима пука од ботокс: Некогаш најубавата, стана пластична кукла (фото) 

Адријана Лима успеа да ја врати линијата која ја имаше пред третото раѓање, но нејзиното лице се уште е предмет на контроверзии.

Познатата бразилска манекенка буквално блесна на светската премиера на „The Ticket“. Таа не одговори на лавината коментари што „падна“ врз неа кога се појави во киното AMC The Grove 14 со нејзиниот партнер Андре Лемер, нејзините ќерки и неговите деца од претходната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lyadrianalima

Социјалните мрежи повторно се вжештија, а често безмилосни критичари по којзнае кој пат и порачуваат на Адријана Лима  „да го намали ботоксот, филерите или што и да е друго што и го вбризгувала во лицето“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lyadrianalima

Велат дека естетската хирургија е како оган – добар слуга и лош господар. Во изминатите години можевме и самите да се увериме, најмногу преку примерот на јавните личности кои на тој начин се обидуваа да го запрат времето. Оние кои успеаја да направат добра проценка и да останат умерени во своите барања, генерално постигнаа резултати за пофалба.

Од друга страна, секоја крајност беше поврзана со Мики Рорк, кој по улогата во филмот „Девет и пол недели“ стана идеал за машка убавина. Се додека не почна да посетува клиники и да си го „облекува“ лицето. Во оваа смисла, актерот неодамна доби неславна конкуренција во Адријана Лима, чија шокантна трансформација ја следи само едно прашање – зошто?

фото: printscreen/Instagram/lyadrianalima

To top