Лила Филиповска пред неколку години излезе како победник во борбата со опаката болест, а за тоа отворено зборуваше пред јавноста.
Лошо време на кое веројатно не сака да се сеќава, но Лила како силен борец денес јасно ги знае своите приоритети, особено меѓу луѓето.
Вистинското друштво, љубовта и позитивната енергија која ја добиваше од својот мачор, според неа беше меѓу најважните. Мачешката терапија денес е дуплирана откако освен Рагнар, го вдоми и мачорчето Мајло.
Денес Лила е среќна, здрава и исполнета, а терапијата која се уште ја прима, а сигурно ќе ја добива за цел живот, особено лековито делува навечер кога Мајло ќе ја помилува со шепите и ќе почне да и преде.
-Терапијта си го прави своето, а сигурни сме дека сонот е уште посладок со вакво крзнено тераписко друштво.
Оној што прима ваква исцелувачка доза многу добро ја знае делотворноста.
– Сè делам со Рагнар, креветот, дневната, освен храната. Домашните миленици, посебно мачките, ја впиваат лошата енергија и ја претвораат во позитивна. Тие што чуваат домашни миленици знаат што зборувам. Тоа е таква љубов која ти го топли срцето, кога ќе го видам, заборавам на секоја нервоза. Тој беше еден од моите лекови за време на лекувањето, ако не и најважниот лек, кажа своевремено Лила за љубовта од својот миленик Рагнар, а за енергијата која ја праќа и Мајло, видовте погоре.
фото:Instagram printscreen/lilafilipovska