Повеќе од сигурно е дека Лила Филиповска обожава да се фотографира и позира, бидејќи секогаш изгледа тип топ и професионално, онака како што треба да изгледа една медиумска позната личност.
Активна е на социјалната мрежа Инстаграм и редовно споделува моменти од патувањата, приватниот живот, работата…
Па иако често е во фокусот на вниманието на јавноста таа копнее по нешто друго, односно и недостига нешто што смета дека веќе не е присутно кај нас.
Затоа сега на краткото „стори“ откри по што сега водителката копнее што кај нас во Македонија смета дека веќе го нема.
Лила овој пат се потсети на едно убаво време кое реши да го сподели со своите обожаватели.
„На времето кога имаше вистински папараци“ – напиша таа на фотографијата која ја пронајде во нејзината фото архива.
Лила била уловена додека се движела надвор, облечена во црна маичка на која пишува „нека сјае “ како и искинати панталони, а како додаток во раката држи огромна црна чанта, додека на лицето ставила и впечатливи очила за сонце.
Таа во позадина ја монтирала и светски познатата песна од Лејди Гага „Папарацо“ за да ја комплетира објавата и она кое сакаше да го каже.
Влијанието на Папараците преку ловењето на познатите во светот се уште е актуелно иако сега приватниот живот е подостапен од некогаш.
Токму поради тоа Лила ја фати носталгија, иако таа неуморно работи на себе, својата кариера и се труди да се докаже во најдоброто издание каде и да е.
фото: printskrin/instagram/lilafilipovska