Најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска активна е на социјалната мрежа Инстаграм и редовно споделува каде е и што прави секој момент, а објавите за час ги менува.
Така, меѓу многубројните кратки приказни се најде и една која веднаш го привлече вниманието, бидејќи е наменета за сите луѓе.
Имено, Лила повика секој кој може да помогне околу пожарите низ Македонија.
Лила одлучила и самата да ги посети пожарникарите и да донира, а тоа го откри откако сподели фотографија каде позира пред возилото за гасење пожар заедно со нив.
„Кој е во можност нека носи вода, капки за очи и маски“ – додаде таа во описот на фотографијата.
Се уште се бараат доброволци за касење на пожарите кои се активни, а Лила ги бодри и оние кои би можеле да донираат потребни средства кои ќе им помогнат на пожарникарите полесно да излезат на крај со огнените стихии.
фото: printscreen/instagram/lilafilipovska