Лила Филииповска и Весна Бејби Петрушевска… Две дами, две познати Македонки, едни од најдобрите во своите јавни професии… Едната веројатно најдобрата ТВ водителка и и последниве години мошне влијателна инфлуенсерка, другата меѓу најпознатите актерки, повремено радио и ТВ водител, автор на книга… Но, двете со еден заеднички именител: самохрани мајки, храбри жени, борци – победнички во битката со најопаката болест со која обете се соочија – ракот на дојката!
Токму октомври е месецот за подигање на свеста за ракот на дојката, а двете познати македонски хероини, секоја на свој начин се потруди да се приклучи во широката кампања и да даде свој придонес во борбата и пред се раното откривање на оваа опака болест!
Лила беше гостин-учесник на гостувањето на познатиот мотивацискиот говорник и автор на неколку книги на оваа тема („Ти си таа“, „Лузни од мед“…) Ана Дорник, која и самата минала низ агонијата на сознанието дека е заболена од канцер на градата.
Таа на првиот ден од октомври на стенд ап мотивациската трибина имаше свое излагање и разговори на оваа тема со различен профил на гости: од стручни лица, еминентни лекарски имиња, јавни личности, до обични луѓе кои минале низ вакавата голгота, а една од нив беше и Лила.
„Сестри по дијагноза… Октомври е месецот за подигање на свеста за ракот на дојката ! Драги мои дами ракот е излечива болест ако на време и рано се дијагностицира! Затоа не чекајте, закажете го вашиот термин и уживајте во здрав и долг живот затоа што светот ги памети само победниците… ве сака Ваша Лила“ – порача во споделениот инстаграм пост Лила покрај заедничите фотографиии со гостинката.
View this post on Instagram
Патем, Лила во знак на сеќавање на сите пациенти, семејства и пријатели кои ја изгубиле битката со ракот и оние кои продолжуваат да го победуваат, ги повика сите жени да направат контролно ехо на дојките.
Весна Бејби Петрушевска пак, исто така на свој начин ќе го одбележи „розовиот октомври“. Бејби, како што обзнанија организаторите, нарекувајќи ја „икона на нашата уметничка сцена“, ќе има свое обраќање на „Розовиот пикник“, што ќе се одржи на 5-ти октомври, со почеток во 11.00 часот, на познатата „Школка“ во Градскиот парк во Скопје .
„Во борбата против ракот на дојка, таа не е само сведок. Таа е симбол на храброст, поддршка и инспирација за сите жени. Со својата емпатија и посветеност, ја носи пораката дека животот, без разлика на предизвиците, вреди да се живее со полна енергија.
Ве покануваме да ни се придружите на 5. октомври, во 11 часот, на Школка, Градски Парк. Храброста се истакнува преку личните битки кои ги водиме зад сцената!“ – стои во објавата на организаторите.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/lilafilipovska/vesnapetrushevska