За Лила нема зима ниту во зима, а камо ли во лето. Најпознатата македонска ТВ водителка ниту „пет минути“ не седи дома по жештините, па секој слободен миг го користи некаде „да му ја кидне“, најчесто на некое море. Особено ако е тоа некоја егзотична дестинација, како создадена за уживанција, ете ти ја Лила „нацртана“ на познатата локација.
Иако навидум едноставна, Лила всушност е мошне комплексна личност. До душа не до крај, зашто во карактерот и стои дека тешко нешто може да ја искомплексира. Особено на овие години кога се’ и е повеќе од јасно, па затоа водителката гласно и самата тврди дека нема ниту еден комплекс. А баш би сакала?
И сега ако останавте зачудени или загрижени и возбудени, што и е на женава, какви се тие чиудни желби, да не и е од променава на времево или промената на локацијата, кога ете ти ја Лила со појаснување за нацијата.
Комплексите ги имаш или немаш, си ги стекнал или не, секако се мисли на оние кои се дел од карактерните особини. Ама затоа можеш да си ги посакаш и изградиш, оние другите, кои многу повеќе имаат врска со џебот, отколку со карактерот, иако и тој игра улога.
Но, желбите се едно, а можностите и околностите сосема ншто друго кога се ваквиот вид на комплекси во прашање. Комплекси или барем еден каков што секој посакува да има, па и Лила.
View this post on Instagram
Или како што самата вели: „Немам ниеден комплекс, а баш би сакала да имам еден… На море!“ А, кој не сака?
Фото: Инстаграм/lilafilipovska