Познатата ТВ водителка и влијателна македонска инфлуенсерка Лила Филиповска вчера имаше посебен ден за да се радува, да се пофали, а и да почести. На свет дојдоа две бебиња пингвинчиња кои ги испили пингвинката Лила која е крстена токму по неа.
Баш затоа Лила не случајно, туку онака по македонските обичаи тргна со две кутии мекици да чести за пингвинчињата, а целиот чин да го покаже на Инстаграм.
Скопската зоолошка градина сега е побогата за два члена кои ги добија имињата Петко и Пабло.
А за честењето да не остане само на мекици, Лила се потрууди да биде општествено одговорна, па да купи и 50 влезници за свои блиски луѓе кои би сакале да ја посетат зоолошката во овие студени зимски денови кога посетеноста е намалена, а целта е животните да го добијат истиот третман односно внимание како и во топлите месеци.
Ова наедно беше и апел до сите фирми и оние кои можат да помогнт, да го сторат истото како и неа.
Нека ни се здрави и живи Петко и Пабло и да имаат здравје и долг пингвински живот!
фото:Instagram printscreen/lilafilipovska