Живот и стил

Еве зошто ве болат ‘рбетот и вратот: Секојдневната навика која ги загрозува децата и младите луѓе

Еве зошто ве болат ‘рбетот и вратот: Секојдневната навика која ги загрозува децата и младите луѓе

Додека читаме и пишуваме пораки на нашите мобилни телефони, вратот е под оптоварување што создава притисок како да носиме седумгодишно дете на грб, што во просек е околу 20 килограми, предупредуваат експертите, велејќи дека ‘рбетот е веќе најслабиот дел од нашето тело.

Поради постојаното гледање во компјутерот, главата и вратот најчесто се во неправилна положба, а со гледањето во мобилен телефон, луѓето ги свиткуваат главите уште повеќе. Сето ова води до болка по целиот ‘рбет со текот на времето.

Дополнителното оптоварување на ‘рбетот предизвикува негово предвремено абење и предизвикува болка во вратот и грбот.

Последната станица е операционата маса ако советот да се обрне внимание на тоа како седите на работното место и колку време го користите мобилниот телефон не се сфати сериозно – предупредува д-р Кенет Хансрај, раководител на одделот за хирургија на ‘рбет и рехабилитациска медицина во Њујорк.
Неговиот научен тим спроведе студија според која притисокот врз вратот и ‘рбетот се зголемува заедно со зголемувањето на степенот на свиткување.

Дури и кога главата е малку навалена напред, за само 15 степени, вратот доживува оптоварување од 12 килограми.

Кога главата е навалена напред под агол од 30 степени, вратот доживува притисок од 18 килограми, а ако главата е навалена под агол од 45 степени, притисокот врз ‘рбетот е поголем за 22 килограми, објавува „Тајм“ заклучоците од нивната студија.

Најранлива група се децата и младите. Тие ја држат главата во свиткана положба долго време секој ден бидејќи поминуваат часови играјќи игри на мобилните телефони, пишувајќи пораки и следејќи објави на социјалните мрежи.

Ако држењето на телото е лошо, со главата наведната напред и рамената свиткани, и сето тоа трае со часови и се повторува секој ден, полека ќе се развие оштетување на ‘рбетот, кое сè уште не може да се регистрира на помлада возраст, но сигурно ќе стане очигледно подоцна – објаснува д-р Хансрај.
Тој советува повремено да се менува положбата на раката што го држи мобилниот телефон, да се спушта и крева, да се движи лево и десно, а важно е и вратот да не биде во иста положба подолго време.

Компјутерите се поголем проблем за возрасните, а д-р Хансрај нè потсетува на правилното држење на телото во канцелариите.

Правилното држење на телото е кога ушите, рамената, колковите и зглобовите се во права линија. На биро, колената секогаш треба да бидат на ниво на колковите. За да го подобрите држењето на телото, прво регулирајте ја телесната тежина, бидејќи секој дополнителен килограм ги ослабува стомачните мускули и става дури десет килограми оптоварување на ‘рбетот – нагласува д-р Хансрај.

фото:freepik
извор:popara.mk

To top