Познатата пејачка Никол Шерцингер нè остава без зборови со секое ново појавување. Таа е секогаш на висина на модната задача кога станува збор за црвениот тепих, а е неспоредлива кога станува збор за провокативни голи изданија.
Иако театарската сезона сè уште трае и Никол има улога во мјузикл, таа сè уште наоѓа време за плажа. Неодамна ја освои престижната награда „Tony“ за најдобра актерка во претставата „Sunset Boulevard“.
Последното видео што го објави ги освои социјалните мрежи за многу кратко време.
View this post on Instagram
Имено, убавата Никол позираше во минијатурно бело бикини и им покажа на сите како медитира и вежба на плажа. И покрај сето тоа, сите гледаа само во нејзиното извајано тело, а во коментарите ѝ рекоа дека е невозможно да има 46 години.
„32 степени во Њујорк. Две претстави денес, проби помеѓу. Ментално сè уште сум тука“, напиша Никол во описот на својата објава.
foto: printscreen/instagram/nicolescherzinger