Македонската јавност утрово со тага и неверување ја дочека тажната вест за смртта на познатиот македонски актер Кирил Поп-Христов, кој почина на 58-годишна возраст во Еквадор, каде што живееше последните години.
Кирил Поп-Христов во Еквадор се пресели во 2014 година заедно со неговата сопруга, кореографката Гордана Деан Поп-Христова, и нивната ќерка Јоана. И покрај тоа што беше далеку од татковината, тој остануваше актуелен преку своите објави на социјалните мрежи, кои ги растажуваа неговите бројни колеги, пријатели и обожаватели во Македонија кои му пишуваа дека им недостига.
Познатите денес со емотивни пораки на социјалните мрежи јавно се простија од него:
Актерката Весна Бејби Петрушевска…
– Ах бе Кили Будалче.

Младата пејачка Теа Трајковска…
– Уште една легенда нѐ напушти . R.I.P Кили ќе останеш запаметен како ретко фациште.

Познатата инфлуенсерка, Миа Костова…
– Летај, легендо Кили.

Инстаграм инфлуенсерот Дуци попознат како „Модернизам и ренесанса“ кој се прослави преку видеа каде прави сатира на македонското општество…
– Светол пат легендо.

Пејачката Каролина Гочева…
– Светол пат Кили.

Пејачката Тамара Тодевска…
– Почивај во мир драг Кили.

Кирил беше еден од македонските најпознати и најталентирани актери, со галерија на генијални улоги во македонски театарски претстави и филмови, кои оставија незаборавен белег во домашната култура. Веста за неговото заминување предизвика реакции на тага и почит од уметничкиот свет.
Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили ќе биде погребан во местото Мангларалто во Еквадор, каде што живееше изминатите години.
Foto: print screen/Instagram/You Tube






