Вечерва на програмата на ТВ „Алфа и музичката телевизија „Балкан Мјузик“ со почеток во 20:30 часот ќе се емитува најновото издание на музичкото талент-шоу „Пат до ѕвездите.
На големата сцена ќе се претстават неколкумина кандидати кои ќе мора да ги задоволат критериумите на стручната жири-комисија составена од познатиот композитор, музичар и актуелен уметнички директор на „Макфест, Роберт Саздов и познатата фолк-пејачка Стојне Николова. Стојне и Роберт се постојана жири-комисија, а во секоја емисија има по уште еден гостин кој е изненадување за кандидатите.
Овојпат на третото столче зад пултот седна младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска, која одлично се снајде и во оваа улога. На моменти беше неизвесно, перманентно стресно, а честопати се случуваше жири-комисијата да има различно мислење за кандидатите, па од време на време знаеше и да „летне по некоја искра“ помеѓу нив…
Сепак, на крајот дел од учесниците обезбедија пласман во следниот круг, додека пак дел добија уште само една шанса во бараж-изданието…
За тоа, не го пропуштајте најновото издание на „Пат до Ѕвездите“ во кое покрај новите таленти ќе видите дали и колкава тензија имаше помеѓу Роберт ,Стојне и Антониа, кој до кого сакаше, а до кого не сакаше да седне, кој со кого се согласуваше, а кој одудираше од мнозинството, до каде одеше „конструктивната расправа“ и чија во неа беше последна. Сето тоа вечерва со почеток во 20:30 часот…
Во меѓувреме, погледнете само мал дел од она што ве очекува:
View this post on Instagram