Радио Милева одлично се забавуваат

Лепа Брена сподели низа семејни моменти: Вака се забавуваат Живојиновиќ во Монако

Лепа Брена сподели низа семејни моменти: Вака се забавуваат Живојиновиќ во Монако

Семејството Живојиновиќ моментално е во Монако, а Лепа Брена сподели низа семејни моменти на социјалната мрежа Инстаграм и покажа како го поминуваат времето.

На фотографиите го гледаме сопругот на пејачката, поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, како носи крпи, како и нејзиниот син Виктор, кој е црвен од сончање.

Брена позираше со скапа чанта „Биркин“, која чини илјадници евра, и се фотографираше и во  прегратките на својот сопруг со насмевка на лицето.

Покрај фотографиите од прошетки и разгледување, пејачката објави и една од плажа, каде што е потпрена на лежалка и ужива во сонцето и морето.

Неодамна се појави видео од Боба Живојиновиќ од Монте Карло. Поранешниот тенисер беше виден како крстари по улиците на луксузната престолнина во својот скап Бентли, а видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Инаку, пред да пристигнат во Монако, Живојиновиќи престојуваа во Мајами, каде што поседуваат луксузна вила. Со нив во Америка отпатуваа и Филип Живојиновиќ, Александра Пријовиќ, синот Александар и сестрата на Брена, Факета.

foto: printscreen/instgaram

To top