Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена се појави на црвен килим во српската престолнина рака под рака со млад и згоден дечко – најмалиот син Виктор.
Стајлингот на Лепа Брена на црвениот тепих за отворањето на Сава Центар беше во фокусот на вечерта.
Фолк дивата, која своевремено одржа 17 концерти по ред во Сава Центар, се одлучи за пообична верзија.
Бел фустан со копчиња, со јака и долги ракави, до под колена беше нејзиниот избор овој пат.
Во раката носеше кафена чанта, а косата и беше пуштена во локни како да отишла на деловен состанок, а не на настан на годината.
Модните експерти се согласуваат дека сопругата на Боба Живојиновиќ очигледно сериозно го сфатила кодот на дресот напишан во поканата.
Нејзниниот син Виктор никогаш послаб исто така во елегантен костум беше совршено надополнување на мама.
фото:Instagram printscreen/ lepabrenaa