Долго најавубваниот документарен филм за естрадниот новинар и ТВ водител, покојниот Зоран Василевски, попознат како Зоки – Фаци, вечера, недела 13 јули 2025 година, конечно ја здогледа виделината на денот.

Јутјуберот Стефан Лазаров како еден од последните пријатели кои до крај останаа блиску до Фаци, вети дека ќе сними документарец за контроверзниот скопски естраден лик и ветувањето го оствари. При тоа Знаел или не знаел со какви се’ проблеми може да се соочи, од недостаток на видео и фото материјали, до одбивање на соговорници да даваат изјави, Лазаров од она што му стоело на располагање сепак нешто успел да направи и да го спакува во 40-ина минути сведоштво за еден од најпознатите ТВ ликови во независна и самостојна Македонија.

Колку тоа има уметничка, аколку само документарна вредност, дали можело многу подобро или и волку е доволно, како е занаетски направено, а колку има само чиста емоција во целата приказна… останува на стручната јавност да се занимава.
Она што е очигледно е дека Лазаров и екипата сепак се потрудиле толку колку што можеле, знаеле и умееле, а и со она со што го имале на располагање. Какво – такво, ова парче докумемнтаристика ќе остане да сведочи за едно време или дури и подолга епоха, во која еден лик како Фаци ја одбележа со своето постоење, појава и работа.

Дека при ваквите обиди да се реализираат крупни остварувања секогаш има проблеми е оддамна позната работа. Особено во Македонија, каде и добрите намери се пеколно тешки за реализација од многу аспекти. Затоа можеби она што го реализирал Лазаров, а и она со што се соочил може да му се препише на неискуството во добрата желба да остави снимена трага за својот соработник и пријател.

Тоа што останал изненаден со се што му се случувало при реализацијата го споделил во вид на рекации на Инстаграм, кои за многумина се неочекувани, а за други пак многу нормални.

Некои можеби ќе се најдат погодени, други изненадени, трети ќе се препознаат, четврти ќе се налутат, петти ќе реагираат…

Ама сите заедно сепак добивме едно мало парче сведоштво за ликот кој едни го обожуваа, други не можеа да го смислат, ама сите го читаа, слушаа и гледаа… Зоки Фаци. Затоа е добро документарно сведоштво за него да има.
Фото: Инстаграм/_lazarovv




