Пејачката Селена Гомез пред неколку дена била на кошаркарски натпревар со текстописецот и продуцент Бени Бланк и нејзината публика наголемо (негативно) го коментирала изгледот на нејзиното момче.
View this post on Instagram
Селена Гомез била облечена во прекрасен бордо мантил, со ефектни чизми. Дискретната шминка и едноставна пунџа исто така биле полн погодок кај пејачката.
Бени бил облечен во свој манир, лежерно и шик. Но, не мислат сите така.
Вака на социјалната мрежа Инстаграм ја коментираат нивната врска и него:
„За што размислува таа кога е со него?“, „Очајна е, 100 отсто“, „Нема никаков вкус за мажи“, „Тие панталони и чевли. Селена, научи го момчето да се облекува како маж“, „Немала удел во овој негов аутфит“, „Овој пар е шега“, „Нејзиниот вкус за мажи е ужасен“, „Изгледа како константно да има лош здив кога ќе се разбуди наутро“, „Неговиот вкус за облекување е криминален“, „Моите баба и дедо се облекуваат поубаво од него“.
View this post on Instagram
Тука се и оние кои гледаат поразлично на целата таа ситуација:
„Мислам дека сака да го бакне“, „Најважно е како тој се однесува кон неа. Доколку ја сака, почитува, штити, тогаш таа е среќна“, „Сѐ додека е добар кон неа, нема потреба за грижи“, „Верувам дека ќе се венчаат“.
Селена Гомез чиј стил постојано е пофалуван, во декември 2023 година оставила низа коментари на Инстаграм со што конечно ја потврдила врската со музичкиот продуцент: „Тој е апсолутно сѐ во моето срце“.
Пејачката и актерка зад себе има повеќегодишна романса со Џастин Бибер, како и врска со пејачот The Weeknd.
фото:Instagram printscreen/ selenagomezbr2.0/ selenagomez