Мегафон родниот град ќе му се оддолжи

Културниот центар во Чачак ќе го носи името на познатиот рок-музичар Бора Ѓорѓевиќ

Културниот центар во Чачак ќе го носи името на познатиот рок-музичар Бора Ѓорѓевиќ

Новиот состав на Комисијата за утврдување на имиња на улици во Чачак, Србија, на денот на нејзиното конституирање, предложи Културниот центар Чачак да го носи името на познатиот рок-музичар Бора Ѓорѓевиќ, роден во Чачак, кој почина минатата година и беше погребан во својот роден град.

– „Денес решивме да предложиме Културниот центар Чачак да го носи името на Бора Ѓорѓевиќ, бидејќи сите знаеме колку голем белег оставил во српската култура и колку го сакал својот роден град. Секогаш гордо нагласуваше дека е од Чачак, и сметаме дека ова е добар начин симболично да му се заблагодариме за неговиот придонес во уметноста во Југославија и Србија“ – рече претседателот на Комисијата, Марко Парезановиќ.

To top