Радио Милева нека е аирлија

Крупен чекор: Игор Џамбазов од темел почнува живот на ново (фото)

Крупен чекор: Игор Џамбазов од темел почнува живот на ново (фото)

Игор Џамбазов реши да го одврзе кесето и да ја стави раката подлабоко, но со една голема желба и поглед кон убавината на животот воден од сопствените потреби.

Чекорот крупен, а работата нималку лесна особено кога нештата се во рацете на мајсторите. Велат дека домот  е таму каде што ти е срцето, а на Џамбазов и повеќе од познато дека тоа место е Дојран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

За да си биде под свое, на ново и направено со мерак и по свој вкус, нашиот шоумен реши да се здоми и да стане газда, дојранец.

Игор гради куќа со поглед на езеро, темелите веќе извесно време се поставени, работата е стигната до плоча, а како што самиот покажа на Инстаграм, работата е во тек.

„Работа во тек“, напишал Игор, а на сликата се гледа дека погледот е рај за душа.

„Дојранско утро. Облаците ја замотале Беласица околу себе како новогодишен подарок.А езерото “типсии”… Ми треба твоето сонце, твојот воздух, твоите луѓе, твојот дух. И мир.“ – гласат само дел од објавите како тој милува и се инспирира да го опише Дојран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Му посакуваме со лесно да му тече работата со мајсторите и според зацртеното да си го пречекори новиот праг и новите почетоци под свој кров- дојрански.

фото:Instagram printscreen/ igordzambazov

To top