Радио Милева Секасапилната убавица сврте нова страница?

Кристина Димитри со нож во грб во вид на нова тетоважа и нов Инстаграм профил… како животна теза за нов почеток на „тетовската принцеза“ (ВИДЕО)

Кристина Димитри со нож во грб во вид на нова тетоважа и нов Инстаграм профил… како животна теза за нов почеток на „тетовската принцеза“ (ВИДЕО)

Откако последната љубовна романса на Кристина Димитри кон крајотт на 2024-тата отиде во неповрат, атрактивната тетовка реши да се сврти кон себе. Последното испраќање на сега веќе бившата љубов беше проследено со јавно обраќање на екс мисицата и пејачка, во кое збогувањето беше со посвета:

„Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата… Врз основа на моја одлука ставив крај на нашата врска“ – сподели тогаш Кристина заедно со црн-белата фотографијата од среќните денови, но овој пат овековечена со црно срце…!

Но, дали разделбата била баш така безболна или како што најчесто бидува врските се тешко раскинливи без да имаат последици? Помали или поголеми, со ситни гребнатини или длабоки рани?

Она што Кристина Димитри последно го овековечила на своето тело во вид на најнова тетоважа доволно говори дека раните не се баш наивни. Но дали се последица од последната љубовна романса или некој сосема трет сакал да и зарие нож во грбот на згодната убавица, е мистерија чиј одговор го знае само самата таа? Инаку зошто би се тетовирала, ако раната не е така длабока и не боли до коска?

Евидентно беше уште веднаш дека во исто време, како што „исчезна“ љубовта, исчезна и последната заедничка фотографија на Кристина со сега веќе бившото момче, од нејзиниот Инстаграм профил, на кој веќе неа со него оддамна ги нема, зашто сликите се избришани!

Но не и профилот, ама затоа по новата тетоважа Кристина има и нов Инстаграм профил… Или поточно уште еден, дополнителен.

Можеби како уште една потврда дека сексапилната убавица дефинитивно решила да сврти нова страница, откако меѓу цврстата љубовна врска и естрадата, сепак решила да тера кариера?

Овој пат новиот профил на Инстаграм малку поинаку насловен… Кристина принцеза! Според некои – ептен претенциозно, за други пак знак, дека ваквата определба и ја крева сопствената самодоверба! Впрочем новиот принц допрва треба да се појави и да ја освои! Дотогаш на новиот Инстаграм профил со нови фотографии! Како животна теза за нов почеток на „тетовската принцеза“!

Во меѓувреме минатото останува овековечено… Со новата тетоважа – ножот в грб, кој повеќе од сигурно е дека Кристина не случајно го истетовирала.

И заради себе и заради оние на кои во иднина ќе им го заврти грбот… Колку за потсетување, а и предупредување дека пред и да помислат да и „заријат нож“ одзади, таа „прва пука“ смело… И тоа меѓу очи, директно во чело!

Фото и видео: Инстаграм/kristina.dimitry/petar_eternity10/kristinina_princeza

 

 

 

 

 

To top