Радио Милева враќање во иднината?

Кристина Димитри после толку месеци конечно „излезе од илегала“, ама реши да остане загадочна, па на своите следбеници им одговори со стиховите од песна на бившиот маж: „Каде беше досега, во која земја во кој град, Скопје или Белград?

Кристина Димитри после толку месеци конечно „излезе од илегала“, ама реши да остане загадочна, па на своите следбеници им одговори со стиховите од песна на бившиот маж: „Каде беше досега, во која земја во кој град, Скопје или Белград?

Кристина Димитри  се врати во јавноста… Атрактивната тетовка после толку месеци конечно излезе од „илегала“ и се врати на Инстаграм.

Пејачката и екс мисица и модел беше од оние кои решиле постојано да г има, па не е симнуваше ниту од социјалните мрежи, ниту од медиумите. Кариерата ја тераше со полни гради, споделувајќи моменти како од професионалниот, така се’ повеќе и од приватниот живот. Веројатно беше препознала дека ова се „нејзините пет минути“, па решена е со обете раце да ги зграпчи цврсто се држеше до правилото: „Што си поприсутен, тоа си поактуелен“! И можеби има(ше) право, се’ до моментот додека не ја снема?!

Некаде во почетокот на пролетта, Кристина Димитри како да пропадна во земја. Откако го испромовира новото момче, љубовта веројатно тргна да ја густира полека, „нате-нане“, па за сметка на уживањата во љубовно-еротските радости и задоволства, остана да трпи кариерата, која така звучно и бомбастично ја најавуваше, а рака на срце и добро ја туркаше…

Малку Скопје, малку Београд… И таман помисливме ќе и „упали кецот“ се случи исчезнувањето на месецот… А како тргна ќе беше и на годината, доколку расната тетовка не се повторно појавеше во јавноста и тоа како учениче…

Со првиот ден на школската година, еве ја одново и Кристина. Со нов имиџ малку поинаква фризура и некакви ситни промени, дали резултат на фотошоппот или некакви естетски зафати, сеедно… Важно е дека Кристина решила да „јава повторно“  на крилјата на популарноста, па иако подзаборавена, веројатно се’ уште сосема не исчезнала!

За да си ја врати самодовербата, а и одново да се најави на социјалните мрежи, пејачката им се обрати на следбениците да ја прашаат на Инстаграм она што ним најмногу им тежи! И разбирливо, најмногу прашања од типот: „Каде си ти досега?“

„Проверував дали ќе ви недостигам“ – довитливо и шеговито „се вадеше“ Кристина. За потоа да даде посериозен одговор, кој е само најава дека зошто толку долго ја нема, ќе откриела во некоја ТВ емисија. Останува да видиме дали и во која?

Потоа пејачката на барање на обожавателите им исполни една од желбите и ја сподели најубавата летна фотографија… Разбирливо, која друга ако не со своето синче, кое е веќе потпораснато момче.

Ама затоа за момчето кое толку го фалеше и протежираше, не го вадеше ниту од глава, ниту го симнуваше од усни, сега ни збор не сакаше да изусти… дали е се’ уште во врска или и со него „работата ја упрска“ –  и тоа ќе го оставела за во емисија!?

Конечно на прашањето кое најмногу ги интересираше нејзините следбеници, таа остана загадочна, па реши само да им одговори со стиховите од познатата песна на бившиот маж: „Каде беше досега, во која земја во кој град, Скопје или Белград?“

И додека сама не открие, останува мистеријата: „Дали тоа Кристина Димитри некому или некој неа „и го е*а  денот“ до таа мерка што назад нема враќање, или презаситена од љубовната авантура се реши за враќање во иднината: Да му се посвети на она во што претходно уживаше, да пее и од тоа да живее?

Или можеби време е за нов пакет, да се спои убавото со корисното, иако „естрадната бара е полна со крокодили“ и жртви се неминовни кога со нив „се војува“, па љубовта пред предизвиците на популарноста, многу тешко опстојува!

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry

 

 

 

To top