Радио Милева (пред)брачно-порочна...

Кристина Димитри покажува дискретни намери пак да се мажи: Пејачката подготвена за првата брачна ноќ… или нејзина реприза! (ФОТО)

Кристина Димитри покажува дискретни намери пак да се мажи: Пејачката подготвена за првата брачна ноќ… или нејзина реприза! (ФОТО)

Македонската екс мисица, модел и пејачка Кристина Димитри  до сега сме ја виделе  во разни изданија… Од оние закопчана до грло, до оние во мини бикини или секси долна облека, во кои атрактивната тетовка изгледа привлечно, примамливо, провокативно, неодоливо…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nakit Bling Bling (@blingbling.mk)

Кој како ја доживува, иако едно е сигурно: Секој вистински маж ќе се согласи дека на ваква убавица „не би и простил“… да го одбие! Само што речиси никој во моментов не може ниту да припириса до таа позиција, да добие таква прилика, зашто срцето на расната убавица и сето останато што оди со него,  последниов период е резервирано само за еден човек. Оној нејзиниот, овој пат белким и вистинскиот?!

Кристина долго го криеше „да не и ја урочат“ љубовта, а потоа реши преку ноќ да почне и јавно да го покажува, иако нејзините профили на социјалните мрежи нешто баш и не се преплавени со нивните заеднички фотографии, како во почетокот.

Но, дека тоа не дискретна најава за „почеток на крајот“ – скраја да е, објасни и самата, туку е само „мерка на предострожност“, чисто онака, за да не и се претвори профилот во ептен љубовен!

Затоа пак, една друга, малку поинаква фотосесија на која Кристина наликува на невеста, многумина ја протолкуваа не само како рекламна, туку како дискретна најава за она што во блиска иднина пејачката си го посакала или можеби и го подготвува… Повторно да биде невеста?!

Оттаму и дилемата, дали тоа Кристина Димитри покажув дискретни намери пак да се мажи?

Испружена на т.н. режисерска столица, во златни сандали и црн секси корсет од провидна тантела, дали тоа долгоногата убавица со бел вел на главата ја најавува намерата повторно да биде невеста?

Вака „порочно“ средена и стокмена, пејачката несомнено уште сега е подготвена за првата брачна ноќ… Или за нејзината реприза, зашто истата за неа веќе еднаш  беше „веќе видена“ и доживеана!

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry

 

 

To top