Еден од најпознатите парови во светот на спортот, Ана Ивановиќ (37) и Бастијан Швајнштајгер (40), повеќе не живеат заедно.
Според германскиот весник Бунте, двајцата раскинале пред два месеци, иако тоа сѐ уште јавно го немаат потврдено.
Ивановиќ се преселила во Белград и со себе ги зела нивните три деца, седумгодишниот Лука, четиригодишниот Леон и едногодишниот Тео.
Од друга страна, Швајнштајгер најголем дел од времето го поминува во Минхен, каде се посвети на професионалните ангажмани, особено на улогата на телевизиски фудбалски аналитичар.
Неговите чести деловни обврски и патувања, како и различните градови во кои престојувале, наводно создале раздор во нивната врска.
Иако често на јавноста и испраќаа фотографии од хармоничен и вљубен пар, секогаш стилски , насмеани, и во друштво на своите деца, приватно се почесто се соочуваа со предизвици.
Луѓето од нивното опкружување веруваат дека токму различните ритми на животот и растојанието меѓу нив влијаеле на одлуката да тргнат по својот пат, пренесува 24 часа.
Двојката се венча во 2016 година на раскошна церемонија во Венеција. За време на нивните девет години брак, многумина ги сметаа за совршен пар од спортските ѕвезди.
фото: printscreen/instgaram