Радио Милева моден спор

Копирање или инспирација? Адријана Ацевска го откри модниот дупликат на поп дивата

Копирање или инспирација? Адријана Ацевска го откри модниот дупликат на поп дивата

Македонската пејачка Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш која често ги изненадува своите следбеници со нови објави на Инстаграм, неодамна привлече големо внимание со едно нејзино огласување.

Таа откри дека поп дивата Јелена Карлеуша ја копирала, и тоа во едно од нејзините модни изданија. Иако обично токму Карлеуша е онаа која владее како инспирација во светот на модата, овој пат ситуацијата беше поинаква – всушност, чекор назад.

За да го докаже своето тврдење, Адријана сподели фотографија од 2018 година, на која таа е облечена во истото модно издание како она што го носи српската пејачка сега во 2025 тата.

Имено, станува збор за тесен, розов, латекс фустан кој е целосно прилепен за телото…

Ова предизвика бурна реакција и го отвори прашањето: На која од двете овој  Барби изглед и прилега подобро – на македонската или српската пејачка? Следбениците веројатано веќе ги споредуваат  двата и добро размислија која го носи подобро ова модно издание, додека македонската пејачка со оваа објава уште еднаш покажа дека не ја пропушта шансата да го одбрани својот  стил. А дали оргиналот е секогаш најдобар или во случајот Карлеуша успеа да го надмине примерот, одлучете сами.

Foto: printcsreen/instgaram/Jelena Karleuša/

To top