Мегафон

Концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ се сели во Прилеп

Концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ се сели во Прилеп

По незаборавните вечери во Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола и Гостивар – концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со полна енергија и патриотски дух пристигнува и во Прилеп!

Градовите ширум Македонија веќе одекнаа со звуци на љубов, традиција и гордост. Илјадници луѓе се собраа под отворено небо, со едно срце и една песна – за Македонија. На концертот во Битола, платото пред Офицерскиот дом беше претесно за сите што сакаа да ја почувствуваат магијата на 14-те нови композиции – химни на љубовта кон татковината. Во Гостивар, емоциите кулминираа со силна порака: Македонската песна живее! Сега, таа иста енергија и топлина во среда на 24 септември пристигнува и во Прилеп. Концертот кога на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ на сцената ќе блеснат: Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев е со почеток во 20:00 часот.

„Пеевме во Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола и Гостивар – сега е време тоа да го сториме и во Прилеп! Песната нѐ обединува, ни дава сила и нѐ потсетува кои сме“, порачуваат од Скендеровски продукција, организаторите на оваа музичка мисија.

Прилеп и прилепчани, подгответе се да пееме – за Македонија, со срце!

фото:„Македонијо, во срце те носиме“

To top