Мегафон музичко-поетски перформанс

Концерт на „Пијан Славеј“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ

Концерт на „Пијан Славеј“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ

Вечерва на 24 септември, на летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Следните настани се претставата „Кец на десетка“ на 25 септември, 26 септември „Не се клади на Енглези“, 27.9 – „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 – „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ – Скопје. И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на први октомври и свеченото затворање на летната сцена ќе биде заокружено на втори октомври со култниот рок бенд „Архангел” – Македонски подобро звучи Едиција 4.

Изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место – плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар. Нè сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика, соопштија од МНТ.

To top