Категоризацијата, поточно номинациите во манифестацијата за избор на „Мажи на годината“ во Македонија, предизвика полемики кај некои од номинираните, а со самото тоа и во јавноста, откако поединци како Панчо – ДНК се откажаа од номинацијата, меѓудругото и заради географската одредница во „новото уставно име на државата“ – Северна!
Во меѓувреме, заврши и гласањето во изборот за наградата во категоријата: „Маж на годината според социјалните медиуми“. Во неа апсолутен победник е комичарот Љупчо Крстевски иако можеби многумина очекуваа тоа да биде некој од другите номинирани кои медумски беа многу поекспонирани оваа година, како на пример јутјуберот Стефан Лазароов или политичарот Стојанче Ангелов, на пример.
Но, резултатите од гласањето покажаа дека „на народот му е до смеење и кога најмногу му се плаче“, па така популарниот Мистер Љубе, како што го знаат на социјалните мрежи Крстевски, супериорно „ги прегази како шлепер жаба“ конкурентите, победувајќи со освоени 11.000 гласови! Зад него со освоени 4.200 гласови јутјуберот Стефан Лазаров како второпласиран и актерот Стефан Николовски со 2.400 гласови како трет, останаа оддалеку „да му гледаат во ауспух“!
Инаку Крстевски јавноста своевремено го запозна по неговото учество во хумористичното шоу К-15, а тој денес е актуелен на социјалните мрежи, особено на Инстаграм како mr. ljube, профил кој го следат илјадници верни следбеници. Со своите кратки видеа и хумористични изведби, тој продолжува да ја забавува, расположува и смее својата публика.
View this post on Instagram
„Почитувани,
Гласањето за наградата „Маж на годината според социјални медиуми“ заврши. Според резултатите од гласањето, победник е популарниот комичар и личност која долгогодишно го освежува јавниот простор со својот талент. Познат по своето учество во хумористичниот шоу К-15, Љупчо Крстевски денес е актуелен на социјалните мрежи, особено на својот нов профил на Инстаграм mr. ljube, каде го следат илјадници верни фанови. Со своите кратки видеа и хумористични изведби, тој продолжува да ја развеселува и инспирира својата публика.
Сакаме да се заблагодариме на сите вас што учествувавте во гласањето и што ни помогнавте да го избереме победникот во оваа категорија.
Вашата поддршка е од големо значење за нас! Честитки до Љупчо Крстевски за заслужената награда! – споделија организаторите на својата официјална Фејсбук страница.
На своите следбеници, но и на сите оние што гласаа за него им се заблагодари и самиот победник, огласувајќи се преку својот Фејсбук: „Голема благодарност до сите кои гласаа“!
Унаку во категоријата „Маж на годината според социјалните медиуми“ гласањето имаше зададени пропозиции, кои организаторот однапред јавно ги објави.
Во конкуренција беа 24 јавни и познати македонски личности од различни области. Од нив сепак за „најмажиште“ корисниците на социјалните мрежи го одбраа Мр. Љубе!
View this post on Instagram
Фото: Фејсбук и Инстаграм/Ljupcho Krstevski/mr.ljube/Мажи на годината