Радио Милева све ли ја да мислам?

Комичарот има решение за се’ – од размена на затвореници до нафтените редици: „Ама… на Бојан Велевски ли све да му текнуе, бе?“ (ВИДЕО)

Комичарот има решение за се’ – од размена на затвореници до нафтените редици: „Ама… на Бојан Велевски ли све да му текнуе, бе?“  (ВИДЕО)

Војна ваму, војна таму, Русија против Украина, Израел и Америка против Иран… Нема нафта, нема бензин, нема плин, а со нафтата се’ живо поскапува… На цела мака со кризата, уште наслови по медиуми сто муабети. Кај за увоз на мигранти, сега и за увоз на затвореници. И ајде сега не биди шашардисан, збудален, дезоринтран, дефокусиран? Каде попрво крај да фатиш, на што побргу да мислиш, од каде да почнеш да „крпиш дупки“? Арно ама не мислат сите така. Настрана овие што „уво не ги боли“ зашто имаат милиони на страна, туку има и меѓу нас обичните има некои со необични идеи, како да се реши секој проблем за да се преживее. Ама… треба да ти текне!

А најмногу по се изгледа му текнува нему – на македонскиот актер и комичар Бојан Велевски, кому секоја нова „бабарога“ што нија сервираат медиумите за да не плаши, него не го секира, зашто дечкото умее брзо да капира!

Така на пример, ова најновово со цените на нафтата и горивата што отидоа у бескрај, нему не му е проблем, зашто момакот има решение за спасение… Само треба да ти текне и да имаш малку трпение. Еве како Бојан би ги решил ова „опашкиве по пумпиве“… Многу едноставно, решението е „ва*инален дим“ и се вика – карантин!

Што се однесува до насловите за увоз на затвореници од Европа, и тука Бојанчо има план… Ма дечкото е крал зашто има предлог како да се решиме од сиот криминал. Ем државата да не биде со затворскиве трошоци „у була“, ем криминалот да биде сведен на нула! А решението многу едноставно… Се спроведуе со уникатна идеја во два дена и се вика – размена!

Кој не верува што кажува човеков, нека се увери уште еднаш во неговата „бистра мисла“ на неговиот стендап настап… „Све ли ја да мислам?“

Фото и видео: Фејсбук/Bojan Velevski

To top