Радио Милева збогување

Колегите новинари и водители се простуваат од Зоки Фаци: „Сега си слободен!“ (фото)

Колегите новинари и водители се простуваат од Зоки Фаци: „Сега си слободен!“ (фото)

Медиумските работници, а особено оние од естраско новинарскиот еснаф утринава ги дочека лоша и жална вест – почина Зоки Фаци, информација која ја сподели неговиот соработник и пријател со кого последно работеше, Стефан Лазаров.

Во својата долгогодишна медиумска работа Зоран Василевски работеше со многумина, имаше доста колеги новинари и водители, смени редакции, беше дел од пар телевизии, весници, магазини, портали… Ама секаде Зоки си остана Зоки, свој и оригинален. За жал, опаката болест од која веруваше дека ќе се извлече доведе до исход со оваа жална вест.

Социјалните мрежи од утринава се преплавени со статуси и последни збогувања од Зоки, особено од оние кои беа негови сегашни и поранешни колеги од естрадното новинарство, работеле заедно или кусо соработувале, колегијално се знаеле…

Стефан Лазаров
За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите.
Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам.
Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш.

Хелена Роза
Почивај во мир Зоки. Те сакам засекогаш и никогаш нема да те заборавам мој најдобар пријателе. Да, сега си слободен!

Боки 13
Почивај во мир драг Зоки. Патувај онаму каде овоземското лицемерие, човечкото зло и неправдата ги нема … Царство небеско… Бог да го прости.

Милица Џаровска
Почивај во мир Цуци, најзабавното време во Вест ми беше со тебе. Фала што ми носеше доручек кога бев трудна, фала за сите капучинчиња и фала што ми ги сакаше децата. Ќе те памтам секогаш по убаво. Каква случајност, сликава е точно од 1 ноември во 2018.

Весна Миленковска

Никогаш не знам во вакви моменти што да напишам, а најмалку, пак, сега кога за тебе и тоа како имам да пишувам фермани. Од моментот кога првпат ја отвори вратата на Вест, кога ми ровареше по тефтерот, па до пред некој ден кога со тешко срце сфатив дека нема да ја извојуваш битката. Ама се надевав, до утрово се надевав дека ќе се случи чудо, дека ова е само лош сон. Ама не било сон бе Зоки, не било ништо од тие соништа кои сакаше да ги оствариш. Веќе нема ништо од рубриката Живот, ни Вест го нема, а веќе ни тебе те нема. И не е веќе исто, зашто такво ликче како тебе веќе не се раѓа! И во ваков претажен момент успеа да ме насмееш со твоите лудости.
Ќе ти кажам само дека ми остана должен „капучинче со чоколатце“, последна јас платив. Нема да редам спомени ни од Вест, ни како 23-ка возеше само за тебе, ниту од концертот на Мадона, ниту лудилата за Еки, ниту од последното кафе и сладолед во маало (леле ти частеше), ниту за последните разговори дека се ќе биде во ред…. А и јас и ти длабоко чувствувавме дека нема да биде, дека за жал е доцна за нови спомени и беше многу разочаран… Дека спомените ќе останат само сон, длабок сон, вечен сон… Патувај Зоки, таму ќе имаш се, ќе се смееш, ќе живееш вечно…

Антонио Димитриевски

Наместо збогум…
Зоки-Фаци… контроверзен, озборуван, екстравагантен, необичен, поразличен, чуден… Можеби, за многумина… За мене врвен естраден новинар, полн со информации, шпекулации, сознанија… Директен и конкретен, без страв да го каже или праша она што другите го знаат, а ку*вински си молчат, чувајќи си го, знаете веќе што… Врвен професионалец, а кон мене и човек, кој новинарскиот занает го знаеше и владееше многу повеќе од мнозинството т.н. „онлајн колеги“…
Доктор на науки за естрада! Се’ друго беше негова лична и приватна работа!
Патувај мирно Фаци… Нека ти е светол патот кон вечноста…!

Соња Алексовска Неделковска

Зоки, ова беше фотографијата што ми ја прати кога те прашав како си. Сфатив дека се оставаш во рацете на Бога! Се молевме да те исцели. Но, реши да те земе кај него. Ќе ми недостасуваш многу ! Сега сама ќе ги споделувам нашите спомено, лудории, дружења на настаните… Бескрајно ти благодарам за почитта. Секогаш бев дел од сите твои емоции, проекти. Бескрајно ти благодарам што беше наш колега и што даде нова димензија на новинарството. Нека ти е светол патот кон вечноста драг пријателе.

Слободанка Илиева
Беше кус и директен, без заобиколувања, одговарало некому или не, препознатлив и со стил. Ќе те паметам само ваков, скоцкан и насмеан, скогаш полн позитива, каков беше до последно. Свети со ѕвездите Зоки!

Силвана Јовановска
Беше пред своето време на Балканот, новинар каков немаше на нашите простори. Секогаш позитивен, откачен со чиста и нерасипана душа.
Никогаш нема да заборавам дека прв ми даде шанса кога завршив факултет за новинарство и ме научи што значи естрада. Од првиот ден се однесуваше како да се знаеме цел живот. И покрај тоа што пројдоа толку години, секогаш кога ќе се видевме како времето да не застанало.
И покрај големата борба и целата поддршка, не издржа. Уште една ѕвезда замина на небото.
Почивај во мир Зоки

Марија Петровска
Почивај во мир Зоки!

Ева Јакимовска

Збогум Зоки!

 

фото:Instagram/Facebook printscreen

 

To top