За џабе не е кажана онаа „убаво како на филм“, а вистинитоста во истото ја потврди и славниот актер Џони Деп кога раскажа за сопственото искуство од најлошиот филмски бакнеж кој го имал.
Станува збор за улогата од „Пиратите од Карибите“ каде игра заедно со помладата колешка Кира Најтли.
Деп тогаш имаше 41 година, а Кира Најтли 19.
„Да се бакнуваш со некој кон кого немаш романтични чувства секогаш е непријатно, но фактот што Кира е 20-ина години помлада од мене го направи бескрајно понезгодно. На крајот тоа и го направивме“, сподели Џони Деп .
Самата Кира го коментираше овој бакнеж, иако го доживеа на малку поинаков начин.
„Не можев да побарам подобра сцена со бакнување од онаа со Џони Деп. Беше фантастично! Што повеќе може да побара една девојка? Го имам Џони Деп и Орландо Блум е покрај мене и можам да ги бакнам и двајцата.
Искуство и доживување различно за двајцата, таа воодушевена, а тој очеан, но на филмско платно совршено.
фото:You Tube printscreen/Eli D