Љубов и секс

Кои хороскопски знаци се најдобри во кревет?

Кои хороскопски знаци се најдобри во кревет?

Кај сексуалната компатибилност е многу потешко, често и невозможно да се даде генерална оцена. Конкуренцијата е силна, но на основа на ѕвездените предиспозиции, составена е листа на знаци кои никогаш нема да ве разочараат во кревет.

Лав

Лавовите се страсни љубовници кои уживаат да доминираат во спалната соба. Жените Лавици се сон за секој маж, а слично е и со мажите. Лавот едноставно знае како да направи нивниот партнер да се чувствува посебно.

Тие се партнери со најмногу почит бидејќи ги земаат во обѕир потребите и барањата на своите љубовници.

Вага

И Вагите се талентирани во кревет, знаат да ги исполнат сексуалните фантазии на нивните партнери. Ако ѝ предложите на Вага да проба нешто ново, веднаш ќе го прифати предизвикот, без премногу размислување.

Очигледно се добри во љубовниот однос на давање и земање, бидејќи најмногу од сè го ценат партнерството.

Скорпија

Скорпиите се големи љубители на доминација и експериментирање во креветот. Имаат потреба да се докажат на другите, да ги задоволат своите потреби и да ги исполнат и најлудите фантазии. Сакаат да го импресионираат партнерот покажувајќи ја својата доминантна страна. Експериментирањето со нив изгледа природно бидејќи ништо не осудуваат.

Ако на Скорпија ѝ кажете дека сакате да пробате ризична секс поза нема ни да трепне, а во следниот момент веќе ќе се најдете во „неволја“.

Девица

Спротивно од претходните три знаци, Девиците се љубители на бавно, сензуално водење љубов. Даваат сè од себе за да создадат пријатно опкружување.

Не сакаат да брзаат со работите и уживаат како секоја секунда да им е последна.

Стрелец

Стрелците се енергични во кревет, сакаат спонтано водење љубов. Со нив никогаш не може да знаете што ве чека, а исчекувањето е интензивно. Предлагаат нови работи кои треба да ги пробате во кревет кога партнерот најмалку ги очекува.

Со Стрелецот може да бидете сигурни дека сексот секогаш ќе биде нешто посебно.

извор:popara

фото:Freepik

To top