Радио Милева бикини перспектива

Кога тангата длабоко ќе потоне: Овие сексапилни Македонки не можете да не ги препознаете дури и одзади! (ФОТО)

Кога тангата длабоко ќе потоне: Овие сексапилни Македонки не можете да не ги препознаете дури и одзади! (ФОТО)

Пролетта полека граби кон својот зенит, додека летото срамежливо го наговестува своето пристигање. Времето променливо, малку сончево малку облачно, малку дождливо, па меѓу сите останати и познатите Македонку гледаат како да приграбат парче од убавото време кога тоа е можно. Ако не дома, тогаш поблиските или подалечни, помалку или повеќе егзотични дестинации се тука за да се апсорбира малку витамин Де, да се впие во себе малку вистинско сонце, да се подзатемни тенот, а на своите следбеници на социјалните мрежи да им се разубави денот.

Телениот раскош на нашите познати млади дами е очигледен, па затоа нема шанси овие сексапилни Македонки да не ги препознаете дури и одзади!

Љупка Митрова не чека лето за да се соблече во костим за капење, туку  може да си приушти самата со летни уживања да се нагости. И тоа во разни ситуации, на разни локации и различни егзотични дестинации. И ако  некаде случајно на неа налетате,  никако не ќе можете да ја промашите. Однапред препознатлива, а одзади повеќе од впечатлива.

За оние религиозните по големиот истетовиран крст на грбот, а пак оние другите,  што се повеќе по телесната убавина отколку по религијата, задоволно ќе го вперат и погледот и прстот, во она што е малку подолу од крстот.

Зашто кај Љупка тангата можеби ја менува бојата, ама погледот во кој таа „тоне во длабочината“, никогаш не ја менува убавината!

Александра Накова заради близината на Грција со нејзината родна Гевгелија најчесто знае да побегне на море кај нашиот јужен сосед. Таа е една од оние што бикини сезоната прва знае да ја отвори.

„Влажните машки погледи“ најчесто се фокусираат на нејзините долги нозе и големите силиконски гради, а тангата е составен дел на бикините…  И однапред и одзади.

Впрочем, нема сомнеж дека ќе ја препознаете дури да ви е свртена со грб, зашто љубопитноста нема да ви допушти ваква возбудлива глетка да се пропушти… Глетка која ретко која позната Македонка може да ви ја приушти.

„Малечката сирена“, како што би и прилегал морскиот прекар на симпатичната, згодна и секси кумановка, Мартија Станојковиќ сосема го оправда и потврди и со последните фотографии.

Имено, Мартија летна за волшебниот Дубаи во потрага по сонце, возбуда и работно – да снима ново видео. Сонцето не престана да и се насмевнува, а Мартија  се соблече во бикини за нејзиниот телесен раскош повторно да дојде  до полн израз, па како што ситуацијата од плажа самата по себе налага, младата кумановка покажа со што располага.

И додека едни се трудеа да ги протолкуваат нејзините тетоважи, особено онаа долж рбетот, на други им се насмевна к’сметот да анализираат одблиску, каква возбуда крие  Мартија одзади, малку пониско. Таму тангата колку и да се крие, повеќе од јасно е „каде удобно сместена спие“!

Поткаст водителката, стендап комичар и пистелка Ивана Наскова спаѓа во оние расни, крупни, корпулентни, на чија појава никако не можете да останете индолентни и да не се завртите кога покрај вас ќе помине. А и да не останете загледани  кога би ја виделе свртена одзади.

За разлика од претходните три познати Македонки, Ивана повеќе преферира едноделни костими, што не значи дека во нив изгледа помалку атрактивно. Напротив, природно надарена, раскошна и бујна, оваа дама своите телесни квалитети видени од сите перпективи уште еднаш ги потврди на волшебните Малдиви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Naskova (@ivananaskova)

Оттаму Ивана Наскова онака опуштена и расцутена ја споделува сета своја телесна убавина и однапред и одзади.

Испружена на навалената палма или растрчана на зајдисонце по брегот на песочната плажа, поткаст водителката покажа дека и во едноделен костим тангата подеднакво ја бранува возбудата. Само да е примамлива понудата!

 

Овие  наши познати убавици секако не се единствени кои се вака телесно надарени, зашто имаме и многу други. Но кај сите нив едно е сигурно: Кога тангата длабоко ќе потоне, овие сексапилни Македонки не можете да не ги препознаете дури и одзади!

Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova/naleksandraofficial/martijastanojkovic/ivananaskova

To top