Мегафон На 6-ти април во МОБ

Кирил Џајковски за првпат  со голем оркестар ќе одржи концерт со теми од неговата филмска музика

Кирил Џајковски за првпат  со голем оркестар ќе одржи концерт со теми од неговата филмска музика

Македонскиот музичар и композитор Кирил Џајковски за првпат  со голем оркестар ќе одржи концерт со филмска музика. Концертот е закажан за 6-ти април во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот.

Инаку Џајковски ја напиша музиката за многу домашни и интернационални филмови, како „Големата вода“ (за кој доби награда на Филмскиот фестивал во Валенсија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One More Game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ и други.

На концертот, Џајковски ќе биде придружуван од 30-член оркестар, со кој ќе диригира Џијан Емин, а ќе се свири неговата филмска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Џајковски.

Билетите се во продажба на @mktickets .

To top