Кина ќе го укине долгогодишното ослободување од данок за контрацептивни средства, така што производите како кондоми ќе подлежат на ДДВ од 1 јануари 2026 година, според новиот закон.
Контрацептивите повеќе нема да бидат вклучени во списокот на ослободени стоки, што значи дека ќе подлежат на стандардна стапка на ДДВ од 13 отсто.
Одлуката предизвика дебата на социјалните медиуми за тоа дали е поврзана со напорите на кинеското раководство да ја зголеми стапката на наталитет. Некои се потсмеваат на тоа.
На пример, во еден коментар се прашаува „кој експерт“ ја смислил оваа идеја, истакнувајќи дека повисоката цена на контрацепцијата се меша во приватноста и може да има долгорочни последици за врските. Друг корисник тврди дека ниските приходи и малкуте денови за одмор се главните причини за ниската стапка на наталитет.
Кина почна да ја ублажува својата децениска политика за едно дете во средината на 2010-те, воведувајќи ограничување на две деца во 2016 година и дозволувајќи им на двојките да имаат до три деца од 2021 година поради брзото стареење и намалување на населението.
И покрај мерките на политиката, вклучувајќи даночни олеснувања, продолжено породилно отсуство и локални субвенции, владата се бореше да ги убеди луѓето да имаат повеќе деца. Аналитичарите ги посочуваат зголемените трошоци за живот, скапите станови, високите образовни притисоци и несигурните приходи како клучни причини за ниската стапка на наталитет во Кина.
извор:нетпрес
фото:Freepik







