Ким Кардашијан на почетокот на месецот се појави во Њујорк, на познатата Мет Гала, а по тој повод носеше креација од Џон Галијано.
Најпознатата и најбогатата старлета на светот доби бројни пофалби, но, како што изгледа, тоалетот на британскиот дизајнер и не е толку оригинален.
Имено, српската пејачка Каја Остојиќ се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм и на својата „приказна“ откри дека пред 10 години носела слична креација позади која стои нејзината талентирана тетка.
– Секоја сличност е случајна? Хм.. што и да е, секогаш имам грст инспирација! Инаку, ова здолниште го направи тетка ми пред десетина години, а тоа е само мал дел од нејзиниот раскошен талент за мода, кој, за жал, никогаш не го претстави пред пошироката јавност – напиша Остојиќ.
фото: printskrin/instagram