По неколкугодишна пауза во медиумите, поп иконата Кети Пери триумфално се враќа на музичката сцена со нов албум, чиј хит сингл веќе го објави на социјалните мрежи.
Кети Пери, позната по нејзините хитови како „Roar“, „Firework“ и „Teenage Dream“, одлучи да се повлече од центарот на вниманието во 2019 година за да се посвети на семејниот живот и да најде нови инспирации.
Пери во овој период стана мајка и се посвети на различни креативни проекти, вклучувајќи ја линијата на чевли и вклучување во социјални и хуманитарни активности.
View this post on Instagram
Новиот албум сè уште нема име, но големиот сингл што го објави на социјалните мрежи се вика „Womans world“ – симболизирајќи го нејзиното враќање и трансформација, инспирирана од нејзините лични подеми и падови во изминатите години.
На почетокот на месецот, Пери одржа тајно слушање на албумот за обожавателите и критичарите.
Критичарите го оценија албумот исклучително позитивно, истакнувајќи го вокалниот раст и емоционалната зрелост на Пери.
Засега, албумот, велат фановите, се смета за значаен чекор напред во нејзината кариера, со песни кои ги истражуваат темите на самозајакнување, мајчинство и љубов. Се нарекува и нејзино најдобро уметничко дело досега.
По мегауспешните години, во периодот од 2009 до 2015 година, Кети Пери стана најголемата планетарна поп ѕвезда во тој момент, а потоа објави два студиски албуми кои беа целосно комерцијално промашување и медиумско фијаско.
View this post on Instagram
„Witness“ од 2017 година, како и Smile од 2020 година, не доживеа половина успех од претходните албуми, ниту кога станува збор за продажба, ниту кога станува збор за стримови, комерцијален успех или номинации за соодветни награди.
„Smile“ беше оценет како нејзин најлош албум досега, по што Кети се повлече од музичката сцена. Нејзиното враќање во центарот на вниманието има две патеки – или повторно ќе блесне со неколку хитови, или ќе стане минато во музичката индустрија.