Радио Милева лична и стилска трансформација

Ќерката на Никол Кидман станува модел, повеќе не го користи презимето на нејзината позната мајка (фото)

Ќерката на Никол Кидман станува модел, повеќе не го користи презимето на нејзината позната мајка (фото)

Сандеј Роуз Кидман (16), постарата ќерка на познатиот музичар Кит Урбан и добитничката на Оскар Никол Кидман, посериозно се занимава со своите модни амбиции и сега направи нов чекор во својата кариера.

Таа одлучи да го поедностави своето јавно име. На нејзиниот Инстаграм профил, кој има нешто помалку од десет илјади следбеници, таа повеќе не го користи своето целосно име Сандеј Роуз Кидман-Урбан, туку се претставува едноставно како Сандеј Роуз.

Ова е само продолжение на нејзината лична и стилска трансформација. Неодамна ја промени фризурата, заменувајќи ја претходната руса коса со костенливи нијанси со прамени, какви што носеше нејзината мајка Никол во 80-тите и 90-тите. Својот нов изглед го покажа во фотосесија за списанието „Поп“, но и на семејна фотографија за Велигден, на која позира со помладата сестра Фејт, мајката Никол, тетката Антонија и братучедките Луција и Сибела.

 

Сандеј Роуз првпат стапна на модната писта во октомври 2024 година на модната ревија на „Миу Миу“, а нејзината мајка призна дека на почетокот била претпазлива во врска со улогата. Но, улогата во ревијата била речиси неизбежна бидејќи креативниот директор бил толку воодушевен од неа. „Миуча Прада едноставно ја обожавала и рекла дека ја сака во ревијата“, изјави Никол Кидман за „Холивуд репортер“.

Сандеј не криеше колку многу ѝ значеше тоа и колку беше возбудена што конечно ќе зачекори на пистата, за што зборуваше и во интервју за „Вог“ кратко пред ревијата. „Здраво, се викам Сандеј Роуз Кидман-Урбан и ова е мојата прва ревија – „Миу Миу“ во Париз. Го посакував ова долго време и кога ја добив понудата, бев толку возбудена. И сега конечно дојде денот“, рече таа тогаш.

 

 

Кит Урбан беше исклучително горд на својата ќерка, но нагласи дека образованието мора да остане приоритет: „Се надевам дека ќе може да избалансира сè и дека ќе има двајца родители кои ќе ѝ помогнат да се справи со славата. Сето тоа е предизвик, одгледувањето деца е предизвик, точка“, изјави тој за People. Во меѓувреме, Сандеј сними кампања за списанието W и склучи нова соработка со брендот „Миу Миу“.

фото: printscreen/instgaram/voguemagazine/kidman_addicts

To top