Радио Милева во светот на возрасните

Ќерката на Наташа Беквалац наполни 18 години и го покажа мистериозното момче (фото)

Ќерката на Наташа Беквалац наполни 18 години и го покажа мистериозното момче (фото)

Хана Икодиновиќ, ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, неодамна го прослави својот 18-ти роденден, а сега на својот профил сподели серија фотографии од едно нејзино патување за време на „роденденскиот месец“.

Хана, судејќи по објавите, уживала на планина, а покрај гастрономските специјалитети, во фантастичната глетка уживаа и нејзините следбеници. Но, една фотографија особено го привлече вниманието на многумина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hanaaikodinovicc

Со неа имаше мистериозен маж чие лице остана скриено од љубопитните очи, а единствено што се гледаше беше чашата во неговата рака.

Коментарите и комплиментите се слеваа, но Хана молчеше на прашањето која е личноста на фотографијата.

За патувањата на Хана и претходно имаше многу дискусии на социјалните мрежи – многумина беа особено заинтересирани за нејзиниот одмор во Париз, а нејзината мајка дури и со насмевка ги коментираше фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hanaaikodinovicc

Инаку, кога е во прашање нејзината врска со Наташа Беквалац, работите не биле отсекогаш идеални, за што пејачката зборувала во неколку наврати.

– Секој ден е тобоган од емоции. Хана влегува во светот на возрасните, а Катја си го бара местото… Сега сето тоа можеме полесно да го препливаме – изјави тогаш Наташа, искрено зборувајќи за мајчинството и предизвиците што ги носи.

фото: printscreen/instgaram

To top