Првата љубов на познатата двојка Мики и Светлана Црнокрак, ќерката Моника, го прослави својот 26-ти роденден. Убавата водителка и модел секогаш е насмена и со ведар дух, зрачи со својата харизма и плени со божествена појава.
Моника редовно е на патување на разни дестинации заедно со својот сакан, a неодамна се врати од едно такво туристичко доживување, веројатно по повод роденденот… Момент кога можеби се очекуваше славеничката се пофали со свршенички прстен на раката.
Ама тоа не се случи, Моника се врати само со убави спомени, а дома ја пречека роденденска торта.
Спепак, веќе следниот ден Моника облече венчаница, но само за ревијата на едно познато модно студио од Скопје каде зачекори во белиот фустан во кој блескаше на писта.
Како манекенка ангажирана беше и мама Светле која е и повеќе од искусна во носењето венчаници, број којзнае кој…
Идниот зет веќе виде како би изгледала во бело неговата сакана, па токму оттука оваа перилика ќе биде момент за Мони да ја фати мајата.
фото:Instagram printscreen/mcrnokrak