Висока со витко тело, долги нозе, тенок струк, пропорции идеални, полни усни, крупни очи, Марија Панчева, втората љубов на Маја и Дарко Панчеви е совршен микс од гените на мама и тато.
Специфична убавина, автентична и поразлична од се’ она што денешното модерно време го пласира и истакнува кога женската убавина е во прашање.
View this post on Instagram
Мама Маја редовно знае преку социјалните мрежи да се пофали со некој моден ангажман на ќерката, а сега сподели дека Марија станала дел од модна агенција од Милано, која има претставништво и во Скопје. Марија веќе е влезена во кругот и букингот за модели кои престижните светски и италијански модни брендови би можеле да ја ангажираат за своите ревии.
View this post on Instagram
Афинитетите кон модата и модните писти, наследничката на Панчеви ги покажува неколку години наназад. Таа уште од 2019 година позираше како модел за неколку познати брендови, а ги красеше и страниците од нашите магазини.
Висока и тенка, Марија е права манекенка и гордост на мама и тато пред која стои интернационална кариера.
Вверуваме дека токму Марија ќе биде новата Катарина Ивановска за која ќе гледаме и пишуваме дека носела креации на Гучи, Валентино, Долче и Габана…
фото: Instagram printscreen/ e2modelmgmt/ grozdanovskapancheva