Емир Кустурица, прославен режисер и неговата сопруга, продуцентката Маја, се горди родители на две деца, синот Стрибор и ќерката Дуња.
Нивната ќерка Дуња дипломирала драматургија, студирала историја на уметност една година на Сорбона во Париз и моментално е селектор на филмскиот и музички фестивал Кустендорф.
View this post on Instagram
Ќерката на Кустурица беше во центарот на вниманието на јавноста поради врската со принцотАлександар III Караѓорѓевиќ, а иако го придружуваше тогашниот партнер на речиси сите настани, воопшто не и се допадна да се појавува во медиумите.
-Ми пречи, мислам дека приватниот живот се нарекува приватен живот токму за да не се пишува за него. Јас не сум профил на жена која сака да се разголува кога се работи за такви работи и да излегува со нив во јавност – изјави еднаш Дуња Кустурица.
За време на таа врска Дуња поради нејзината убавина ја споредуваа со принцезата Марија Караѓорѓевиќ, а своевремено го доби и прекарот српската Кејт Мидлтон.
Некогаш напишала сценарио за омнибус за религијата во кое нејзиниот татко се занимавал со темата на православието, што подоцна го искористил во филмот „На млечниот пат“.
фото: printscreen/instagram