Радио Милева кога времето не лечи рани

Ќерката на Џеј со зборови кои болат на годишнината од неговата смрт: „Четири години без тебе татко мој“ (фото)

Ќерката на Џеј со зборови кои болат на годишнината од неговата смрт: „Четири години без тебе татко мој“ (фото)

Денеска се навршуваат четири години од смртта на Џеј Рамадановски, а по тој повод се огласи неговата ќерка.

Марија на својот Инстаграм профил ја објави фотографијата на својот татко со емотивна порака.

– Четири години без тебе, татко мој. Нема потреба да пишувам ништо, се знаеш! Ти си најголем, гордост моја! Те сакам – напиша Марија.

Роднините, пријателите и јавноста ќе го паметат Џеј по неговите одлични хитови, но и по позитивната и топла енергија што ја ширеше на сите околу себе.

Џеј беше пејач кој знаеше да пренесе емоции. Иако животот не го галеше и сакаше, пејачот излегуваше поселен од секоја борба.

Сепак, јавноста остана во шок од веста дека пејачот починал тоа утро на сон. Пејачот пред смртта имал тешка операција на срцевиот залисток, а според наодите од обдукцијата, неговото срце застанало во сон.

фото:Instagram printscreen/marija_ramadanovski

To top