Уна Чолиќ, ќерката на Здравко Чолиќ, музичката ѕвезда која не познава граници на Балканот, не престанува да привлекува внимание со својот елегантен изглед и префинето чувство за мода.
Младата Уна на социјалните мрежи повремено објавува фотографии од разни настани и дестинации, каде следбениците секогаш го забележуваат раскошот што ја опкружува.
Покрај тоа што секогаш може да се пофали со висококвалитетни обувки, острото око на модните познавачи не може да не забележи дека Уна Чолиќ сака скапи чанти и е горда сопственичка на престижни парчиња.
Посебно се забележани три луксузни модели од нејзината колекција: Jackie 1961 мала чанта за рамо, бренд „Gucci“, чија цена е 2700 евра, Calypso large in grained lambskin, чанта од куќата „Saint Laurent“ која чини 2800 евра и елегантна Торба од сицилија беж кожа со метално лого, „Dolce&Gabbana“ вредна 1500 евра.
Иако станува збор за најскапите брендови, нејзиниот стил не делува наметливо.
Напротив, младешкиот дух и софистицираниот вкус се она што се истакнува во секоја комбинација што ја носи Уна. Токму затоа е инспирација за девојките кои се стремат кон совршен баланс помеѓу трендовите и класичното.
Уна Чолиќ сака скапи чанти и ги избира како клучен додаток кој одлично оди со широк спектар на модни избори, од лежерни дневни верзии до поелегантни вечерни изданија.
Како ќерка на една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, Уна не се фали со своето богатство, туку преку изборот на модни додатоци покажува дека со луксузот може да се постапува со умереност и елеганција.
Луксузните чанти, како нејзин заштитен знак, се приказна за вкусот, стилот и љубовта кон деталите кои ја прават разликата.
фото: printscreen/instagram