Контроверзната старлета и поранешна членка на реалното шоу „Задруга“, Станија Добројевиќ стапнува на „лудиот камен“.
Имено, Станија веќе неколку месеци ужива во љубовта со богатиот бизнисмен Асмин Дурџиќ, кој по потекло е од нашите простори, но живее и работи во странство.
Ја запросил пред една година со скап прстен со дијаманти, со кој сега старлетата се пофали на Инстаграм и кој чини точно 69.135 евра.
„Раката која најмногу ја сакам и која ќе ја држам до крајот на животот“ – напишала Асмин.
Сепак, она што сите го забележаа е дека Асмин го одбрал вистинскиот тајминг да ја објави оваа фотографија во моментот кога неговата поранешна сопруга Анели Ахмиќ ја напушта „Задруга“, за и таа да види дека Асмин е среќен во љубовта.
Фото: Инстаграм/stanijadobrojevic