Пејачката Катарина Грујиќ ги поминува празниците со ќерката и сопругот Марко Гобељиќ во Грција, а социјалните мрежи се во „пламен“ поради нејзините фотографии од плажа.
Каќа пред неколку дена отпатува со Катја, нејзината сестра Бојана и нејзиниот син Лео, како и родителите на Марко во Атина за да го поминат најрадосниот христијански празник како семејство.
– Зедов пет дена одмор и дојдов кај Марко, бидејќи нема поголема среќа за нас од тоа кога сме заедно. Уживаме во сонцето и погледот на морето, морските плодови и белото вино – изјави Каќа.
View this post on Instagram
Честопати истакнува колку и е тешко да се раздели од сопругот кој поради деловни обврски мораше да се пресели во Грција. Затоа времето што го поминуваат заедно деновиве го користат за максимално да уживаат. Колку уживале во одморот Каќа покажа со фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи, а поради кадрите од плажа го „запали“ интернетот.
Пејачката позираше покрај море во црно бикини и го покажа своето извајано тело, а во преден план се сите нејзини атрибути.
фото : printskrin/instagram/katarinagrujic.doll