Радио Милева последен поздрав

Карлеуша го виде само неколку дена пред смртта: Поп дивата со трогателни зборови се прости од Зоки Фаци  (фото)

Карлеуша го виде само неколку дена пред смртта: Поп дивата со трогателни зборови се прости од Зоки Фаци  (фото)

Македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина вчера на први ноември 2024 та  по долга борба со ракот, а од него се прости и поп дивата Јелена Карлеуша.

Јелена објави заедничка фотографија со починатиот новинар, која ја направија пред само неколку дена.

Инаку, Зоран беше голем обожавател на Јелена.

– Последен поздрав драг Зоране… Последен поздрав на оваа планета каде нашите тела се смртни, минливи, слаби…

– Но, среќен пат до вечниот лет, до енергијата, до светлината што си…. Среќна сум што те запознав, ми рекоа дека си мој најголем обожавател и дека тоа ти била најголема желба. Сега јас ќе гледам во ѕвездите и ќе посакам… Ми должиш една желба – напиша Јелена.

Да потсетиме, Македонскиот јутјубер Стефан Лазаров на својот Фејсбук профил неодамна испрати апел за помош до својот пријател Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци.

Лазаров тогаш објави дека се потребни 15.000 евра за операција на Зоки за борба против ракот, кој му беше дијагностициран пред три години. Парите беа собрани, но за жал тој не можеше да се избори со порочната болест. Зоки Фаци соработуваше со бројни естрадни личности.

Македонија загуби новинар, пријател, човек кој знаеше да им помогне на сите, рече сега неговиот пријател Стефан Лазаров.

фото: пprintscreen/instagram

 

To top