Жените генерално, та биле девојки, сингл дами, во врска или брак пред да ги запознаете одблизу, имаат знаци на распознавање оддалеку. Секоја си има свој трејд марк од дистанца. Кога ќе забележите некоја од нив во далечина, не можете да знаете ништо за неа ако не ја познавате. Ниту како се вика, која е од каде е, колку е образована, интелигентна, културна, што и каде работи… И уште милион ситници кои подоцна можат да ве заинтригираат. Ама затоа пак, можете по истиот тој „заштитен знак“ уште оддалеку да ја идентификувате.
Некои дури и не мора да ги видите в лице, за да ги препознаете. Доволно е нивното „деколте“ да ви падне в очи и погледот тука да ви закочи, за веднаш да ви стане јасно за кого се работи. Едни мошне бујни, други помалку, едни природно надарени, други „ремонтирани“ и естетски коригирани, на едни од Бога дадено да бидат баеги „млечни“ дами, други прилично скромни, речиси рамни… Сепак, сите на свој начин убави и допадливи, привлечни и заводливи, без оглед дали кај некоја „брадавиците одат две минути пред неа“, дали градите и се малечки, ама сочни како праска или убавицата е сосема „рамна како даска“!
Така е кај сите припаднички од понежниот пол, така е и кај познатите македонски естрадни или ТВ фаци. Некоја повеќе, некоја помалку бујна, некоја кариерата ја гради и со гради, кај некоја боде очи, кај некоја градната структура е помалку забележителна и податлива, но она што е најбитно, дали по неа секоја од познатите Македонки би можела да биде препознатлива?
Дали знаете и умеете да ја препознаете по „градниот кош“ кога не би и го виделе лицето? Ние направивме избор од грст познати Македонки, а вие обидете се да ги препознаете, се разбира по изгледот, големината и формата на градите.
1. Таа е позната македонска фолк ѕвезда, можеби една од најпопуларните. Природно надарена, малку доправена, но како и да е, покрај гласот и стасот, бракоразводната драма и скандалите, расната прилепчанка плени и со нејзиното бујно деколте.
2. Едни ја нарекуваат скопска старлета иако тоа не е… Можеби само заради учеството своевремено во најгледаното регионално ријалити. Имаше обиди да биде ТВ водителка во Србија, остана топ модел и инфлуенсерка во Македонија, која откако се омажи некако се’ помалку е активна на социјалните мрежи. Расна, телесно надарена, бујна, ама и доправена и во пределот на градите, нешто што и самата не го крие и своевремено јавно го обзнани.
3. Беше некогашна поп пејачка и тоа многу популарна, кога го доби прекарот „џепна венера“, а денес ја нарекуваат „најшетаната велешанка“, заради природата на професијата која почна да ја работи откако го батали пеењето и му се посвети на крстарењето по светските мориња и океани. Најниска по раст, ама затоа најбујна по обем на градниот кош, во однос на висината. Што би рекле на шега: „Полесно е да ја прескокнеш, отколку да ја заобиколиш“!
4. Таа е бивша ТВ водителка, денес најпознатата македонска трендсетерка. Контроверзна, озборувана, објавувана, омразена , обожавана, посакувана… Иако не е веќе девојка туку зрела дама, се’ уште телесно издржана како ретко која друга, со бујна предница, естетски ремонтирана и надградена, која дури и на помладите мажи се’ уште им ја паѓа вилицата и ги обара на колена. Сме ја виделе во различни изданија и по долна облека и без неа и топлес и сосема разголена, ама во секое од нив останува една и единствена…
5. Манекенка и топ модел, горда сопственичка на бутик за женска гардероба во најјужниот град во Македонија. Извајана во снагата како морска сирена иако од природниот изглед до она како денес изгледа има огромна разлика, па дури некои ќе речат дека е непрепознатлива… Естетските корекции природниот потенцијал го довеле до совршенство, а бујните силиконски гради се доминантен телесен атрибут на ултрасексапилната убавица.
6. Некогашна мисица, манекенка, модел, денес пејачка… Разведена од познат македонски пејач, но вљубена во уши во момче од северното соседство. Стројна, сексапилна, заводлива, провокативна, привлечна, пожелна… За многумина – „најеротската тетовка“ која можеби не е прераскошна во градите, ама доволно бујна за на себе да ги залепи „влажните машки погледи“.
7. Оваа струмичанка е една од најпознатите македонски фолкерки… Можеби и најпопуларната, чии „бум-бум“ настапи не ве оставаат рамнодушни. Колку вокално, толку визуелно, зашто нејзиното извајано тело и бујните атрибути се вистинско естетско-музичко „тути – фрути“ за сечиј вкус… Особено оној тип на мажи, за кои важи дека колку повеќе шанкерката им точи, толку повеќе пејачката „ја пијат со очи“.
8. Ако помисливте дека некој сака да ви подметне машко на фотографијава – засрамете се. И тоа како е во прашање дама и тоа многу позната, која постојано има да ви каже „Нешто конкретно“ на телевизија. Или барем истото да ги праша своите гости. Тоа што не е така бујна налик на ниту една од претходните – ништо не значи, зашто таа многу поинаку зрачи, со многу поразлична енергија, харизма, убавина, шарм и сексапил. Па нели рековме дека кариерата не се гради само со гради?
Као и дае, тоа е нашиот избор на „деколтиња“ на грст познати Македонки. Ако ги препознавте – супер, ако не – погледнете ја целата слика и самото ќе ви се каже… Зашто окото знае и да лаже!
1.Елена Велевска
2. Елеонора Кочовска екс-Миљковиќ
3. Ноне Неделковска
4. Мелита Ракичевиќ
5. Александра Накова
6. Кристина Димитри
7. Сузана Гавазова
8. Снеже Велков
Фото: Инстаграм – принтскрин