Младата и талентирана Калина Александар настапи на фестивалот на забавни мелодии – „Макфест“ во Штип каде го привлече вниманието и со нејзината композиција „Да не те познавав“ им остави интересен впечаток како на присутните, така и на тв гледачите.
Таа со оваа композиција настапи на првата дебитантска вечер, а потоа со гласовите на публиката и стручното жири имавме можност повторно да ја погледнеме и во втората вечер на „Макфест“.
Инаку, Калина Александар е четврта година во Музичкото балетско училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и има 18 години. Таа досега има танцувано во неколку различни мјузикли, а нејзиното појавување како пејачка всушност претставува нејзино огнено крштевање на поп сцената.
На макфестовската композиција „Да не те познавав“ комплетен автор е Александар Масевски, а кон крајот на месец октомври таа го промовираше и видеоспотот за оваа песна.
Како изгледа ова видео, погледнете во продолжение: