Живот и стил

Како да живеете со низок притисок? 4 драгоцени совети кои можат да ви бидат од корист при хипотензија

Како да го регулирате нискиот крвен притисок и кои се ситните промени кои треба да ги воведете во своето секојдневие?

Како да живеете со низок притисок? 4 драгоцени совети кои можат да ви бидат од корист при хипотензија

Нискиот крвен притисок претставува состојба кога предноста на притисокот е пониска од очекуваната за поединци во одредени услови.

Секако, тој зависи и од годините, полот и општата здравствена состојба, а медицинската платформа „Healthline“ пишува дека хипотензија кај возрасните се смета крвен притисок понизок од 90/60.

Најчестите симптоми за низок крвен притисок се чувство на умор, вртоглавица, несвестица, анксиозност, забрзано чукање на срцето, потење, нарушен сон.

Користете повеќе сол

Експертите препорачуваат користење повеќе сол, но сепак во ограничени количини затоа што тој некогаш го зголемува крвниот притисок и тоа драматично. Поради тоа што премногу натриум може да доведе до срцеви проблеми, особено кај повозрасните, експертите советуваат прво да се консултирате со доктор за тоа дали треба да јадете посолена храна.

Пијте повеќе вода

Течноста помага во превенција на дехидратација, а тој фактор е многу важен за лекување на нискиот крвен притисок.

Носете компресивни чорапи

Т.н. компресивни чорапи вообичаено се користат за ублажување на болки и отоци од проширени вени, а познати се и по тоа што го подобруваат протокот на крв од нозете до срцето.

Лекови

Доколку докторот ви препише терапија, задолжително и без исклучок користете ја на начин на кој ви ја препорачал.

To top